Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2011

Реал без Кака против Валенсија

Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, вечер на „Месталја“ ќе го изведе својот тим без бразилскиот играч за врска Кака, кој сè уште не закрепнал од повредата.

Оваа вест вчера на прес-конфернцијата ја потврди и помошникот на Мурињо, Ајтор Каранка. Повредата на ногата Кака ја заработи кон крајот на минатиот месец, на гостувањето кај Реал Сосиедад. Поради неа ги пропушти двата пријателски натпревари за бразилската репрезентација, во која за прв пат беше повикан по Светското првенство во Јужноафриканската Република.
Неговиот дваесет и тригодишен соработник, левиот бек Марчело, кој, исто така, не настапи за Бразил поради повреда на левиот бутен мускул, сега е подготвен за гостувањето кај Валенсија.

Најнови вести