Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2017

Стерлинг: Сакам уште голови

На Рахим Стерлинг многу подобро му оди во втората сезона во Манчестер сити под водство на Пеп Гвардиола.

Брзоногиот фудбалер беше стрелец во победата против Борнмут, но не сака да застане на тоа.
„Веќе долго ја чекам оваа шанса и сакам максимално да ја искористам. Сакам уште голови, сакам барем по еден гол на секој следен натпревар“, изјави фудбалерот на Сити.
Стерлинг даде коментар и на горкото прашање во Сити околу напаѓачите: Агуеро, Жесус или двајцата?
„Секогаш се бориме како тим и ги почитуваме одлуките на тренерот. Серхио е одличен играч и одлично е да се има такво момче во екипата. Габриел дојде и ни внесе живот и тој многу ни значи“, изјави Стерлинг.

 

Најнови вести