Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Пескара го отпушти Масимо Одо

Последнопласираниот тим на италијанската Серија А се одлучи за непопуларната мерка со која ќе се обиде да ја спаси сезоната.

Поради серијата порази на италијанската Пескара, работата ја изгуби тренерот Масимо Одо, кому вчера му беше врачен отказ.
Пескара му се заблагодари на Масимо Одо за досегашната соработка и истакна дека се работи за шок-терапија која би требало да ја покрене екипата и да спречи испаѓање од Лигата.
„Делфините“ по 24 одиграни натпревари во Серија А, се наоѓаат на последното место на табелата само со девет освоени бодови, па малкумина веруваат дека во последните 14 кола ќе успеат да се изборат за опстанок.
Екипата до именувањето на нов тренер ќе ја предводи Лучијано Ѕаури.

 

Најнови вести