Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2017

Агуеро: Не знам што ќе биде со мене

Серхио Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, изјави дека не му е дадено никакво ветување во врска со неговото останување на „Етихад“, како и тоа дека би сакал да остане клубот.

За неизвесната иднина на Серхио Агуеро во Манчестер сити се зборува веќе подолго време, а приказната е интензивирана откако Гвардиола му даде предност на Габриел Жесус во стартните 11, и покрај тоа што Аргентинецот е целосно подготвен.
„Очекувам луѓето од клубот да ми кажат што сакаат. Секогаш кажувам дека во јуни ќе видам сè. Доколку клубот не сака сега да се изјасни, во јуни ќе мора“, изјави Агуеро за Би-би-си.
Аргентинскиот напаѓач повеќе пати ја изрази желбата да остане во клубот за којшто настапува од 2011 година и со кого освои четири трофеи (два пати Премиер лигата и два пати Лига купот).
Некогаш најдобриот млад играч на светот вкупно одигра 238 натпревари за „граѓаните“. Постигна 159 голови, од коишто најзначаен е оној во 94-тата минута против Квинс парк ренџерс во последното коло на шампионатот во сезоната 2011/12, со којшто Манчестер сити ја освои првата титула по 44 години.

Најнови вести