Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2011

ЦСКА без Игнашевич и Хонда десет дена

Од редовите на ЦСКА Москва објавија дека следните десет дена нема да може да сметаат на услугите на двајца многу важни фудбалери, одбранбениот играч Сергеј Игнашевич и играчот за врска Кеисуке Хонда.

Игнашевич го измести глуждот во вторникот во дуелот од Лигата на шампионите против Лил, додека Хонда го повреди коленото на тренингот во понеделникот.
Хонда само што се врати во кадарот на ЦСКА по три месеци пауза поради тешка повреда на коленото, а сега истата повреда повторно се реактивира.
Двајцата споменати играчи ќе го пропуштат последниот натпревар во руското првенство пред зимската пауза, неделното гостување кај Анжи, но би требало да бидат подготвени за одлучувачкиот дуел од групата Б на Лигата на шампионите против Интер од Милано во декември.

Најнови вести