Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2017

Фалкао: Јас сум подготвен, денес ќе се одлучи дали ќе играм

Колумбиецот Радамел Фалкао и понатаму е неизвесен за реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Монако и Манчестер сити.

Напаѓачот на „кнезовите“ има проблем со повредата пред дуелот со „граѓаните“, коишто утре гостуваат на Азурниот брег.
„Се чувствувам многу добро. Денес ќе имам дополнителни прегледи по кои ќе се знае дали ќе играм. Што се однесува до мене, јас сум подготвен, се надевам дека ќе бидам во тимот“, изјави Фалкао.
Колумбиецот оваа сезона се врати во формата која го красеше до пред неколку години и постигна 24 гола на 30 натпревари.
Пред три седмици беше двократен стрелец на „Етихад“, но Сити го совлада Монако со 5-3 по пресвртот.

Најнови вести