Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2017

Лига на Европа: Јунајтед го доби Андерлехт, Лион против Бешикташ

Фудбалерите на Жозе Мурињо ќе играат против Андерлехт во четврт-финалето на Лигата на Европа, одлучи ждрепката во Нион.

Во дербито на рундата ќе се сретнат Лион и Бешикташ, а интересен ќе биде и дуелот на Ајакс и Шалке.
Единствениот шпански тим кој остана во натпреварувањето, Селта, ќе игра со вториот белгиски претставник Генк.
На претходните шест средби на Манчестер јунајтед и Андерлехт двата тима имаат по три победи, со гол разлика 22:6 во корист на англискиот гигант.
На дуелот на Шалке со Ајакс особено се радува поранешниот напаѓач на холандскиот тим, сега главна ѕвезда на Шалке, Клас-Јан Хунтелар. Двата клуба досега го имаат освоено претходникот на ова натпреварување, Купот на УЕФА.
Селта и Генк досега се немаат сретнато во европските натпреварувања, исто како и Лион и Бешикташ.
Првите натпревари од четврт-финалето на Лигата на Европа ќе се играат на 13-ти април, а реваншите седум дена подоцна. Полуфиналните дуели се на програмата на 4-ти и 11-ти мај, а финалето е закажано за 24-ти мај.

Лига на Европа, четврт-финални двојки:
Андерлехт – Манчестер јунајтед
Селта Виго - Генк
Ајакс - Шалке
Лион – Бешикташ

 

Најнови вести