Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2011

Лусио ќе паузира најмалку три недели

Бразилскиот стопер во Интер, Лусио, го повреди адукторот на левата нога на гостувањето кај Трабзон во Лигата на шампионите.

Иако ги одигра сите 90 минути, после мечот бескомпромисниот Бразилец осетил болки во пределот на препоните, а лекарскиот тим на „нероаѕурите“ соопшти дека пред него е пауза од најмалку три седмици. Ако Клаудио Раниери не биде приморан да го стави во игра со повреда, може да се очекува дека тој нема да настапи до божиќните празници.
Заради оваа повреда Лусио сигурно ќе ги пропушти средбите со Сиена, Фиорентина и Џенова, како и дуелот против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите.

Најнови вести