Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2017

Мундијалот со 48 екипи, Европа само со 16 места

Репрезентациите од Европа ќе имаат само 16 места на Светското првенство 2026 година, кое ќе се игра во рамките н новиот формат.

Мундијалот во 2026 за прв пат ќе биде организиран за 48 репрезентации, а Светската фудбалска федерација соопшти кој континент ќе има по колку претставници.
На Европа ѝ се дадени најмногу, но многу помалку отколку што беше очекувано.
Челниците на континенталните конфедерации се согласија за бројот на учесниците од секој дел на светот – КАФ (Африка) ќе има девет претставници, АФК (Азија) осум, КОНКАКАФ (Северна Америка, Централна Америка и Карибите) и КОНМЕБОЛ (Јужна Америка) по шест, додека ОФК (Океанија) ќе има само едно место.
Преостанатите две места ќе бидат за домаќинот на турнирот, како и за победникот во плејофот во којшто ќе учествуваат претставници на сите конфедерации освен УЕФА.
Конечната одлука ќе биде донесена на деветти мај, на седницата на ФИФА.

Најнови вести