Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2017

Санчес почнал преговори со ПСЖ

Алексис Санчес, фудбалерот на Арсенал, почнал преговори со фудбалскиот клуб ПСЖ.

Францускиот клуб е заинтересиран за Санчес, кому сегашниот договор со „топчиите“ му истекува во јуни следната година.
Многумина сметаат дека сега би бил вистинскиот момент за трансфер бидејќи Арсенал би успеал да заработи многу пари за негова оштета, а самиот Санчес би имал шанса да се обиде во поамбициозен клуб од сегашниот.
Репрезентативецот на Чиле бил на состанок со челниците на францускиот клуб, а следната средба е закажана за средината на април.
Тогаш би требало во преговорите да се вклучат и луѓето од управата на Арсенал. Сè уште не се знае каков е ставот за продажба на Санчес на менаџерот на клубот Арсен Венгер, кој неодамна демантираше дека ќе ја преземе токму екипата на ПСЖ.

Најнови вести