Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2017

Бејл повторно повреден

Победата над Баерн воМинхен донесе и една лоша вест за мадриѓаните, Герет Бејл го повреди мускулот и е под знак прашалник за реваншот со „баварците“, како и за Ел Класико наредниот викенд.

Бејл на полувремето се пожалил на болка во мускулот, поради што Зинедин Зидан го извади од игра на почетокот на вториот дел од средбата.
Сè уште не се знае колку е сериозна повредата, но сега е сигурно дека Велшанецот нема да игра во Хихон, во сабота од 16.15 часот.
Него во поставата ќе го замени Лукас Васкез или Марко Асенсио.

Најнови вести