Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2017

Ернандес во Атлетико до 2022 година

Лукас Ернандес, дефанзивниот играч на Атлетико од Мадрид, потпиша нов договор со клубот, па на „Висенте Калдерон“ ќе остане до јуни 2022 година.

Претходниот договор на Ернандес му беше со важност до 2020 година.
Според наводите на медиумите, тој бил цел на Манчестер јунајтед.
„Новиот договор за Ернандес е радост за сите во Атлетико. Тој е играч со голем потенцијал и блескава иднина“, изјави Хосе Луис Перес, спортскиот директор на мадридскиот клуб.
Дваесет и едногодишниот Французин оваа сезона одигра 20 натпревари за Атлетико, а би можело да го почне натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид бидејќи Хуанфран, Хосе Хименес и Шиме Врсаљко се повредени.

Најнови вести