Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2017

Вардарки убедливи против европскиот шампион за финале

Ракометарките на Вардар одиграа фантастичен натпревар и го победија ЧСМ Букурешт со 38:33 и во четвртиот обид се изборија за големото финале во Лигата на шампионите.

Вардарки утре против Ѓер ќе се борат за титулата Европски шампион откако со феноменална партија лесно и убедливо го совладаа актуелниот бранител на трофејот ЧСМ Букурешт.
Ракометарките на македонскиот првак фуриозно го почнаа натпреварот и направија предност од 7-1, а до крајот на првото полувреме стигнаа и до 11 голови разлика, 19-8 и 20-9. Нападот функционираше одлично, Лејно беше феноменална, а Суслина одбрани три пенали во серија.  
Во второто полувреме Вардар ја одржуваше големата предност, откако стана јасно дека победата не може да биде загрозена, па следуваше пад во играта по кој Романките го намалија заостанувањето.
На крајот Вардар славеше убедлива и заслужена победа и со 38:33 му ја симна круната на Букурешт.
Пенезиќ и Радичевиќ со по седум гола беа најефикасни, шест погодоци постигна Андреа Лекиќ, пет запиша Лакрабер, а за фантастични беа Амандин Лејно и Ина Суслина.
Финалето меѓу Вардар и Ѓер ќе се игра утре со почеток од 17:45 часот.

Најнови вести