Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2017

Гвардиола: За ова во Барса или во Баерн би добил отказ

Хосеп Гвардиола имаше разочарувачка дебитантска сезона на клупата на Манчестер сити бидејќи ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј.

На едно коло пред крајот, на „граѓаните“ не им е сигурно ниту четвртото место, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите, но не се ни споменува за негова можна смена.
Гвардиола изјави дека смета дека во ваква ситуација во Барселона или во Баерн, со коишто освои 21 трофеј, веројатно би бил отпуштен.
„Притисокот што го има тренерот во Барселона или во Баерн е огромен и неопислив. Таму мораш да победуваш и немаш втора шанса, без оглед на сè што си направил. Неуспехот не се простува и сигурен сум дека би ме отпуштиле по ваква сезона каква што имав во Сити. Сезона без трофеј е нешто на кое не сум навикнал, но останувам овде. Имаме втора шанса и верувам дека следната ќе биде многу подобра“, изјави Гвардиола.
Сити до крајот на сезоната го очекуваат дуелите со Вест Бромич албион и со Ватфорд, а со шест бодови „граѓаните“ ќе обезбедат квалификации во Лигата на шампионите.

Најнови вести