Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2017

Нолито во јуни ќе го напушти Сити

Нолито минатото лето направи трансфер од Селта во Манчестер сити, но не успеа да се наметне, така што наскоро ќе го напушти клубот.

Напаѓачот минатото лето стигна на Островот за 13,8 милиони евра по желба на Пеп Гвардиола. Причина зошто не успеа да се наметне е конкуренцијата, тоа посебно се однесува на Габриел Жесус.
Тој за цела сезона одигра 19 натпревари, а од зимоска на теренот помина само 42 минути, така што не треба да е чудно што ќе се најде на трансфер-листата.
Сити е подготвен да го продаде за многу помала цена од таа што го купи. Бетис моментно е најзаинтересиран клуб и е подготвен да плати три милиони евра за оштета,сума која Манчестер би ја прифатил, а прашање е дали 30-годишниот фудбалер ќе се согласи со тоа, со оглед на тоа дека платата би била значително помала од досегашните 400.000 фунти месечно.

Најнови вести