Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2017

Монако шампион на Франција по 17 години

Фудбалерите на Монако ја освоија шампионската титула на Франција со победата над Сент Етјен со 2-0.

Тоа е прва титула на Монако од сезоната 1999/2000, а тимот од Кнежеството досега вкупно осум пати беше шампион на Франција.
Тимот на Леонардо Жардим до трофејот стигна со 29 победи и импресивни 104 гола за крај на четиригодишното владеење на ПСЖ.
Во победата над Сент Етјен, водство на Монако му донесе младиот Килијан Мбапе во 19-тата минута, а победата ја завери Валер Жермен пред крајот на средбата.
Монако на едно коло пред крајот на сезоната, има шест бода повеќе од „светците“ од Париз, кои ќе мора да се задоволат со пласманот во Лигата на шампионите.
Во квалификациите ќе игра Ница, додека Лигата на Европа засега ја обезбеди Олимпик од Лион. За второто место се борат Марсеј и Бордо.
Од Лига 1 испадна Ница, додека Бастија има два, а Лориен еден бод помалку од Каен и Дижон, првите над зоната за испаѓање.

Најнови вести