Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2017

Вардар против Малме во квалификациите за Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе игра против шведскиот шампион Малме.

„Црвено-црните“ ќе се обидат конечно да ја прескокнат првата пречка во квалификациите, откако минатите две години не успеа против АПОЕЛ и Динамо Загреб.
Вардарци можеа да минат и полошо со доколку го добиеја Селтик, а најпосакуван од можните противници беше Хафнарфјордур. Во опција беа Селтик, Легија Варшава, Марибор, Розенборг и Хафнарфјордур, а нашиот шампион го доби Малме.
Шведскиот тим ќе биде домаќин на 11/12 јули, а реваншот ќе се игра на 18/19 јули, кога Вардар ќе биде домаќин најверојатно во Струмица. 
Вардар имаше и јавно барање да му биде дозволено да игра во Скопје, на „Телеком Арена“, иако тоа оваа сезона не е можно поради подготовките на теренот за Суперкупот на Европа, на 8 август.

Второ квалификациско коло за ЛШ - 11-12 јули, 18-19 јули
Малме (Шведска) - Вардар (Македонија)
АПОЕЛ (Кипар) - Дуделанж (Луксембург)
Жалгирис (Литванија) - Лудогорец (Бугарија)
Карабаг (Азербејџан) - Самтредија (Грузија)
Партизан (Србија) - Будуќност Подгорица (Монтенегро)
Хибернијанс (Малта) / Талин (Естонија) -  Салцбург (Австрија)
Шериф (Молдавија) - Кукеши (Албанија)
Астана (Казахстан) - Спартак Јурмала (Летонија)
Бате Борисов (Белорусија) - Алашкар (Ерменија) / Санта Колома (Андора)
Жилина (Словачка) - ФК Копенхаген (Данска)
Хапоел Бер Шева (Израел) - Хонвед Будимпешта (Унгарија)
Ријека (Хрватска) - Њу Сејнтс (Велс) / Европа ФЦ (Малта)
Линфилд (С. Ирска) СП Ла Флорита (Сан Марино) - Селтик (Шкотска)
Зрињски (БиХ) - Марибор (Словенија)

Прво квалификациско претколо за ЛШ - 27-28 јуни, 4-5 јули:
Викунгур (Фарски Острови) - Трепча 89 (Косово)
Хибернијанс (Малта) - ФК Талин (Естонија)
Алашкерт (Ерменија) - Санта Колома (Андора)
Њу Сејнтс (Велс) - Европа ФЦ (Гибралтар)
Линфилд (С. Ирска) - СП Ла Фјорита (Сан Марино)

Најнови вести