Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2017

Роналдо ќе го пропушти пријателското Класико во Мајами

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Барселона ноќеска ќе го играат натпреварот од пријателското Класико во рамките на Интернационалниот куп на шампионите, но на средбата нема да биде првата ѕвезда на мадридскиот клуб, Кристијано Роналдо.

Роналдо моментно се наоѓа на турнеја низ Кина, каде што ги извршува улогите предвидени со спонзорските договори, па и покрај големата желба на организаторите на натпреварот, нема да дојде на Флорида.
Португалецот веќе нема играно на два пријателски натпревари за неговата екипа во САД, во кои Реал прво беше поразен од Манчестер јунајтед по пеналите и од Манчестер сити (4-1).
За тоа време Роналдо со неговата бремена девојка Георгина Родригез престојуваше во Кина, каде што, меѓу останатото, посети и натпревар на кинескиот шампионат.
„За жал, личните обврски го спречија Роналдо да биде во Мајами. Тој навистина сакаше да дојде и не се работи за негов каприц. Чекаше до последен момент, но нам на крајот ни јави дека не е во можност да биде на натпреварот“, изјави Чарли Стилитано, претседателот на „Релевент спортс“, еден од организаторите на пријателското Класико.
За доаѓањето на Роналдо, една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, од Азија, Долфинс Стивен Рос, сопственикот на франшизата на НФЛ, подготви и приватен авион, но тој сепак остана на другиот континент.
Пријателскиот натпревар меѓу Реал и Барселона надвор од Шпанија ќе биде одигран по втор пат во историјата. Претходно, шпанските гиганти се сретнаа во 1982 година во Венецуела, а Мадриѓаните победија со 1-0, со голот на тогашниот искусен Висенте дел Боске, подоцна успешен тренер на кралскиот клуб.

Најнови вести