Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Роналдо ќе игра против Манчестер во Скопје

Најдобриот фудбалер на светот, ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо сепак ќе игра против Манчестер јунајтед на Суперкупот на УЕФА утре во Скопје.

Иако имаше најави дека Португалецот нема да биде во составот на европскиот шампион за натпреварот затоа што почна да тренира со екипата пред два дена, тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан реши да го поведе во Скопје.
Роналдо доби продолжен одмор по Купот на Конфедерациите во Русија и напорната мината сезона во која му ги донесе на Реал титулите во Шпанија и во Европа.
Покрај Роналдо, Зидан против Манчестер јунајтед смета уште на 23 фудбалери.
Натпреварот меѓу европскиот шампион и освојувачот на Лигата на Европа се игра утре во 20:45 часот на „Телеком арената“.

Најнови вести