Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2017

Пет англиски клубови во групната фаза на Лигата на шампионите

Плејофот за место во Лигата на шампионите заврши и денес со ждрепка во Монако во 18 часот ќе бидат одредени составите на групите за новата сезона.

Титулата ја брани Реал Мадрид, а Англија сезонава ќе има пет претставници по триумфот на Манчестер јунајтед во Лигата на Европа и автоматскиот пласман во елитното натпреварување додека Ливерпул ги помина квалификациите.
Пред ждрепката УЕФА ќе го соопшти името за најдобар фудбалер во Европа за сезоната 2016/17, а во конкуренција се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Џанлуиџи Буфон.
Екипите пред ждрепката се поделени во четири шешири.
Шешир 1: Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус, Бенфика, Челзи, Шахтар Доњец, Монако и Спартак Москва
Шешир 2: Барселона, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Севилја, Манчестер сити, Порто, Манчестер јунајтед
Шешир 3: Наполи, Тотенхем, Базел, Олимпијакос, Андерлехт, Ливерпул, Рома, Бешикташ
Шешир 4: Селтик, ЦСКА Москва, Спортинг Лисабон, АПОЕЛ, Феенорд, Марибор, Карабаг, Лајпциг
Ждрепката за групната фаза ќе биде полудиригирана бидејќи во една група не може да бидат клубови од иста земја.

Најнови вести