Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2017

ЛШ: Групи на смртта Ц и Х, Јуве и Барса, Марибор на „Енфилд роуд“

Денес во Монако се одржа ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2017/18, а впечатокот е дека групите Ц и Х се најизедначени.

Единствениот претставник од земјите на поранешна Југославија, шампионот на Словенија Марибор е во групата Е со Спартак, Севилја и Ливерпул.
Топките ги извлекуваа Франческо Тоти, легендарниот Италијанец и неодамнешен капитен на Рома, и Андреј Шевченко, освојувачот на Лигата на шампионите со Милан во 2003 година.
Сезоната почнува на 12/13 септември, додека последното шесто коло на програмата е на 5/6 декември. Пласман во нокаут-фазата ќе обезбедат двата најдобри клуба од секоја група.
Двократната последователна титула ја брани Реал од Мадрид, а финалето е на 26-ти мај следната година на Олимпискиот стадион во Киев.
Група А: Бенфика, Манчестер јунајтед, Базел, ЦСКА
Група Б: Баерн Минхен, ПСЖ, Андерлехт, Сетик
Група Ц: Челзи, Атлетико Мадрид, Рома, Карабаг
Група Д: Јувентус, Барселона, Олимпијакос, Спортинг Лисабон
Група Е: Спартак, Севилја, Ливерпул, Марибор
Група Ф: Шахтар Донецк, Манчестер сити, Наполи, Феенорд
Група Г: Монако, Порто, Бешикташ, Лајпциг
Група Х: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Тотенхем, АПОЕЛ

Најнови вести