Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Мурињо: Лигата на шампионите е наше природно живеалиште

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека неговите фудбалери се многу мотивирани пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите.

„Се вративме во Лигата на шампионите, која е наше природно живеалиште. Манчестер јунајтед во неа играше од сезона во сезона. Се радуваме на новиот почеток, многу сме мотивирани и се надевам дека ’Олд Трафорд’ ќе го почувствува тоа“, изјави Мурињо на конференцијата за новинарите.
Јунајтед во првото коло ќе игра против Базел, а во групата А се уште Бенфика и ЦСКА Москва.
„Силни сме, играме добро и веруваме во себе. Пред нас е тежок натпревар, но имаме доволно квалитет да победиме“, додаде менаџерот на „црвените ѓаволи“.
Според неговите зборови, голем проблем за англиските клубови е тоа што играат значително потешка лига од останатите тимови.
„Реал минатата сезона последниот месец во Примера лигата играше со вториот тим. Со тоа поголема можност. Дојдоа свежи во финалето. Јувентус е шампион во Италија три месеци пред финалето. За англиските тимови тоа е невозможно бидејќи натпреварувањето оди до крај без зимска пауза. Но, нема да се жалам. Го имаме што го имаме“, изјави менаџерот на Јунајтед.
Натпреварот меѓу Јунајтед и Базел се игра вечерва, од 20.45 часот, на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер.

 

Најнови вести