Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2017

Алегри: Освојување на Лигата на шампионите не е цел, туку сон

Јувентус во последните три години два пати играше во финалето на најсилното европско натпреварување и двата пати беше поразен.

Масимилијано Алегри, тренерот на фудбалерите на Јувентус, вчера изјави дека освојувањето на Лигата на шампионите за неговиот тим не е цел, туку сон.
„Последните три години беа фантастични, два пати бевме во финалето на Лигата на шампионите. Првото финале беше прилично неочекувано, додека во другото имавме голема надеж дека можеме до трофејот. Не успеавме, но и понатаму на тоа гледаме како на голем успех бидејќи не можат сите да играат во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.
Јувентус во последните три години два пати играше во финалето на најсилното европско натпреварување и двата пати беше поразен. Првиот пат од Барселона, а вториот пат од Реал Мадрид.
„Освојувањето на Лигата на шампионите не може да биде цел, тоа е сон. За да го остварите тој сон, мора да работите многу години и да развивате одреден вид ментален пристап“, додаде тренерот на „старата дама“.
Јувентус оваа сезона ќе игра во групата Д со Барселона, Олимпијакос и Спортинг.
„Групата е урамнотежена многу повеќе отколку што изгледа тоа. Покрај Барселона, и Спортинг и Олимпијакос се тимови со доста искуство во Европа. Нема да биде лесно да се освојат бодовите, а може да се изгубат каде било“, изјави Алегри.
Јувентус во првото коло гостува кај Барселона. Натпреварот се игра вечерва, од 20.45 на „Камп ноу“.

Најнови вести