Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2017

Два гола на Роналдо, пресврт и реми на „Енфилд“

Ливерпул губеше, направи пресврт, па ја изгуби предноста, Серхио Рамос погоди од ножички, Сити демонстрираше моќ, а Роналдо класа. Сето тоа и повеќе беше видено во осумте натпревари од групите Е, Ф, Г и Х во Лигата на шампионите.

Холанѓаните веќе подолго време не се опасен фактор во Лигата на шампионите. На тоа потсети Манчестер сити со 4-0 против Феенорд во Ротердам.
„Граѓаните“ уште во првото полувреме во натпреварот против Феенорд дадоа три гола. Стоунс, Агуеро и Габриел Жесус до 25-тата минута обезбедија 3-0, а во второто полувреме Стоунс, по додавањето на Де Бројне, само ја потврди веќе сигурната победа на „сините“ од Манчестер.
Реал Мадрид во лесен ритам славеше со 3-0 против АПОЕЛ. Двата гола ги постигна Португалецот Кристијано Роналдо. Првиот пат по асистенцијата на Герет Бејл.
Навивачите на Барселона Португалецот често го нарекуваат Пеналдо, а по 51-вата минута добија еден изговор за тоа. 
Роналдо по пеналот во 51-вата минута стана единствен во историјата со 12 постигнати пенали во Лигата на шампионите, додека Лионел Меси има еден гол помалку.
Серхио Рамос третиот гол за Реал го даде во 63-тата минута, кога погоди од ножички.
Порто изгуби од Бешикташ со 3-1.
 Севилја беше на добар пат да победи во Ливерпул. Бен Једер погоди уште во петтата минута, потоа изедначи Фирмино во 21-вата, пресврт направи Салах во 37-мата, а Ливерпул не го искористи моментот да дојде до победа. Имаше шанса да го зголеми резултатот на 3-1 со пенал, но Фирмини не го искористи. Составот на Јирген Клоп капитулираше во 72-рата минута, кога гол постигна Кореа, а по црвениот картон на Гомез, „црвените“ играа со фудбалер помалку во продолжението на времето. Ја сочуваа мрежата, а до крајот резултатот остана 2-2.
Словенечкиот Марибор дојде до голем бод во натпреварот против Спартак од Москва, кој заврши со резултат 1-1, а ќе остане запаметен по тепачката меѓу навивачите на Марибор и полицијата.
Минатогодишниот полуфиналист Монако одигра 1-1 со Лајпциг, Шахтар славеше против Наполи со 2-1, а Тотенхем против Борусија со 3-1, со двата гола на Хари Кејн.

Најнови вести