Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2017

Ноер повторно повреден, ќе паузира повеќе месеци

Мануел Нојер, голманот на Баерн од Минхен, повторно се повреди на тренингот на „баварците“ и сега му претстои повеќемесечна пауза.

Германскиот голман во август паузираше поради повреда на метатарзалната коска во левата нога, а сега повторно се здоби со повреда на истото место во стапалото.
Нојер во саботата беше пред голот во текот на сите 90 минути во победата на Баерн над Мајнц (4-0), но потоа на тренингот на тимот на Карло Анчелоти повторно се здоби со повреда.
Тој сигурно ќе го пропушти денешниот натпревар на Баерн против Шалке поради лекарски прегледи, но како што наведуваат германските медиуми, пред него е повеќемесечна пауза.
Баерн сè уште нема ништо објавено колку долго ќе паузира Нојер, а повеќе информации се очекуваат денес.

 

Најнови вести