Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2017

Кавани со вистината за судирот со Нејмар

Единсон Кавани, напаѓачот на ПСЖ, изјави дека меѓучовечките односи во тимот се на високо ниво и дека нема расправии со Нејмар и со Даниел Алвес.

Уругваецот во триумфот на „светците“ против Лион (2-0) се расправаше со Бразилците, прво со Алвес, кој сакаше на Кавани да му ја земе топката и да му ја додели на Нејмар за да го изведе слободниот удар, а подоцна и со летошното засилување од Барселона.
„Не знам зошто луѓето веруваат во сите овие приказни. Мислам дека тоа се вообичаени работи кои понекогаш се случуваат во фудбалот. А за оваа приказна дознав од брат ми. Ми рече дека луѓето зборуваат за некаква наша расправија и дека имам проблем со Нејмар. Вистината е дека нема проблеми“, изјави Кавани, кој не ја реализира најстрогата казна.
„Нејмар неодамна стигна во екипата, неговата адаптација оди добро и сите го гледаат тоа“, додаде Кавани.
Реагираше и Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, кој изјави дека играчите ќе мора џентлеменски да се договорат кој ќе изедува пенали.

Најнови вести