Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2017

Кавани ќе го напушти ПСЖ во јануари?

Изгледа дека судирот меѓу Нејмар и Единсон Кавани не помина без последици...

Иако двајцата негираа дека се случило нешто сериозно, француските медиуми пишуваат дека тоа не е баш така...
Нејмар се скара со Кавани бидејќи не му беше дозволено да го изведе казнениот удар, а по натпреварот Бразилецот одлучил веќе да не го следи Уругваецот на „Инстаграм“, што само ги влоши приказните за нивниот однос.
Наводно, Бразилецот побарал Кавани да го напушти тимот, а француските медиуми пишуваат дека сега е можно тоа да стане вистина.
Бидејќи повеќе европски клубови се интересираат за него, доколку „светците“ добијат понуда што им одговара, не е невозможно да го продадат.
Наполи, Јувентус, Интер од Италија, Челзи и Евертон од Премиер лигата, Борусија Дортмунд од Германија и Реал Мадрид од Шпанија внимателно ги следат случувањата околу Уругваецот.

Најнови вести