Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2017

Французите останаа без Курзава во финишот на квалификациите

Лајвин Курзава, фудбалерот на ПСЖ, поради повреда се повлече од репрезентацијата на Франција за претстојните дуели од квалификациите за Светското првенство.

Курзава нема да може да настапи поради тоа што ги истегна лигаментите на левото колено на тренингот во понеделникот, пренесе Фудбалскиот сојуз на Франција.
И покрај тоа што два дена беше под интензивна нега, неговата состојба не му дозволува да игра во наредните два натпревари против Бугарија и против Белорусија.
Ќе го замени дебитантот Џордан Амави од Олимпик Марсеј.
Франција води на табелата на групата А во квалификациите и има предност од еден бод во однос на второпласираната Шведска. Холандија е трета со четири бода помалку.

Најнови вести