Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2017

Пеп во Наполи најде замена за Менди

Екипата на Манчестер сити е заинтересирана да го доведе Фавзи Гулам, левиот бек на Наполи, пренесуваат шпанските медиуми.

Сити го гледа Гулам како идеална замена за повредениот Бенџамин Менди, кој ќе го пропушти остатокот на сезоната.
Олеснителна околност за „граѓаните“ е тоа што на Алжирецот налето му истекува договорот, а тој нема намера да потпише нов, па зимава ќе може да преговара со други клубови и следната година како слободен агент да ја промени средината.
Сити се брза и наводно ќе се обиде да го доведе зимава, со надомест од три милиони евра.
Двата клуба се наоѓаат во иста група во Лигата на шампионите, следната недела ги очекува натпреварот во Манчестер и уште тогаш би требало да почнат преговори околу трансферот.

Најнови вести