Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2017

Курзава во духот на Роберто Карлос – хет-трик за историја

Лајвин Курзава, левиот бек на ПСЖ, постигна три гола во победата на неговиот клуб против Андерлехт во Лигата на шампионите (5-0), со што влезе во историјата на елитното натпреварување како прв дефанзивен играч кому му успеало тоа.

Дваесет и петгодишниот француски дефанзивен фудбалер во кариерата до синоќа имаше постигнато само 17 голови, но со трите погодоци во второто полувреме од натпреварот против Белгијците на „Паркот на принцовите“ влезе во историјата на Лигата на шампионите.
„За хет-трикот можам да им се заблагодарам на соиграчите. Воодушевен сум и головите ќе ми дадат самодоверба“, изјави Курзава, кому при погодоците му асистираа Нејмар, Ло Челсо и Ди Марија.
И покрај тоа, неговите први голови во групната фаза на Лигата на шампионите се многу далеку од учиноците на познатите дефанзивни играчи, коишто знаеле да бидат многу ефикасни во континенталното натпреварување.
Засега, најефикасен дефанзивен фудбалер во Лигата на шампионите е легендарниот Бразилец Роберто Карлос со 16 голови, Шпанецот Иван Елгера има еден гол помалку, додека третото место го делат Жерар Пике, Дани Алвес и Кристијан Панучи со по 11 погодоци.
Што се однесува до ПСЖ, Лајвин Курзава не е единствениот дефанзивен играч на „светците“ кој оваа сезона три пати бил стрелец на еден натпревар. Тоа му се случи на десниот бек Томас Моние, кој хет-трик оствари за Белгија во натпреварот против Гибралтар (9-0).

Најнови вести