27.12.2017 Донарума ќе го пропушти дербито, Сторари ќе брани против Интер
Младиот Џанлуиџи Донарума нема да биде на голот на Милан во дербито против Интер во четврт-финалето на Купот бидејќи сè уште не закрепнал од повредата на препоните.
Меѓу стативите на „росонерите“ ќе биде 40-годишниот Марко Сторари.
Тоа нема да биде деби на искусниот Италијанец во дербито, тој бранеше и во првенствениот дуел меѓу Милан и Интер на 29-ти август 2009 година. Со учинокот не може да се пофали, бидејќи прими четири гола – погодија Тијаго Мота, Милито, Мајкон и Станковиќ.
Ниту Интер нема да може да смета на првиот голман, па мрежата на „нераѕурите“ ќе ја брани Даниеле Падели. Последен пат Интер на дербито играше со резервен голман на 14-ти ноември 2010 година, а Милан славеше со 1-0
Дуелот на „Сан Сиро“ на програмата е вечерва, од 20.45 часот.