Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2018

Дешамп: Погба не е среќен

Дидие Дешамп, селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, изјави дека Пол Погба може да даде многу повеќе во Манчестер јунајтед, кога за тоа би имал шанса.

Погба остана на клупата во текот на натпреварот од четврт-финалето против Брајтон, а натпреварот против Ливерпул го пропушти поради повреда.
Менаџерот Жозе Мурињо во повеќе наврати во текот на сезоната предност му даде на Скот Мектоминеј, но селекторот на Франција немаше многу сомнение кога требаше да му упати повик за пријателските натпревари против Колумбија и Русија.
„Ова е неблагодарна ситуација за него поради сето тоа што можеше да го понуди. Сигурно има многу причини за она што се случува. Погба не може да биде среќен поради тоа што го минува во клубот. И тоа не е врзано само за него. Во прашање може да биде кој било играч. Ќе разговарам со него за да ги добијам сите неопходни податоци“, изјави Дешамп.
Погба во 2016 година од Јувентус се врати во Јунајтед за 89 милиони фунти.

Најнови вести