Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2018

Зидан: Сите ќе бидеме 150% подготвени за финалето, па и Роналдо

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, не сакаше да даде коментар за контроверзните ситуации кои се случија во текот на натпреварот меѓу неговиот тим и Барселона, кој заврши со реми (2-2).

По Ел Класико на „Камп ноу“, се зборуваше за евентуален притисок на Меси врз судиите, за фаулот на Суарес при голот, но и за провокациите на Пике и Начо во тунелот...
„Ниту ме интересираше ниту сакам да зборувам за тоа. Што се случило, останува на теренот и тоа е тоа. Што ќе се промени ако зборувам за тоа. Сите видовме дека имаше фаул, освен судиите. Заврши со гол и тоа е тоа. Никогаш нема да се жалам на судиските одлуки“, изјави легендарниот Французин.
„Во тунелот секогаш нешто се случува. Сега проблемот е што сè излезе на виделина. Камерите се насекаде. Сето тоа се случувало и порано, но остануваше во соблекувалните“, додаде тренерот на Реал.
Кралскиот клуб денес го очекува дуелот со Севилја.
„Ни остануваат уште три натпревари до финалето на Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да одиграме добро против Севилја. Имаме шанса да освоиме три бода и да постигнеме гол. Најважно е да одиграме добро“, додаде Французинот.
За споменатото финале на најсилното европско натпреварување Реал би требало да биде целосно подготвен и во најсилен состав.
„Ќе бидат подготвени 150 отсто и Кристијано, и Иско и Карвахал. Можеби Кристијано ќе биде надвор од теренот најдолго време, бидејќи само што се повреди. Но ќе биде добро, оди нормално. Нема проблеми за финалето“, изјави Зидан и додаде дека Португалецот ќе го пропушти натпреварот против Севилја.
Финалето на Лигата на шампионите на програмата е на 26-ти мај, а ривал на Мадриѓаните ќе им биде Ливерпул.

Најнови вести