Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2018

Рајо Валјекано се врати во Примера

Фудбалерите на Рајо Валјекано се пласираа во Примера лигата откако во 41-вото коло од Сегунда го победија Луго со 1-0 и со тоа се стекнаа со бодовна разлика која сигурно ги води во повисок ранг.

Во највисокиот ранг на шпанскиот фудбал Рајо се врати со минимална победа на домашен терен во Мадрид, а единствен стрелец беше Алекс Морено во 40-тата минута.
Рајо, исто така, се искачи на првото место на табелата на Сегунда лигата со 76 бода, додека второпласираната Уеска со бод помалку, која вчера изгуби од Химнастик на домашен терен со 1-0, уште претходно го обезбеди својот пласман во Примера лигата.
Рајо Валјекано во елитниот ранг има играно вкупно 17 сезони, а последен пат во 2016 година.
Фудбалерите на Тенерифе вчера извлекоа бод против Кадис (1-1) во 90+2 минути, со погодокот на Филип Малбашиќ, поранешниот офанзивен играч на Партизан и на Војводина.
Пред последното коло, се знае дека Спортинг Хихон и Сарагоса се во баражот за Примера лигата, додека борба за преостанатите две места ќе водат: Кадис, Валјадолид, Осасуна, Нумансија и Овиедо.

Најнови вести