Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2018

Хрватите поради Англија го закупија најголемиот авион во својата историја

Натпреварот на хрватската фудбалска репрезентација против Англија во полуфиналето на Светското првенство предизвика голем интерес меѓу навивачите, па денес од Загреб ќе полета најголемиот патнички авион во историјата на Хрватска.

Како што пренесува агенцијата „Хина“, туристичката агенција која го организира патувањето на хрватските навивачи во Москва, меѓу останатите, го закупи и патничкиот авион „боинг 777-300ер“, кој од загрепскиот аеродром „Фрањо Туѓман“ ќе полета кон Русија со 457 навивачи.
Со тоа, тој авион ќе стане најголемиот патнички авион кој некогаш слетал во Хрватска. Хрватска на трибините на „Лужники“ би требало да има околу 10.000 навивачи.
Натпреварот меѓу Хрватска и Англија се игра вечерва, од 20 часот во Москва.

Најнови вести