Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2018

Парма останува во Серија А, Калајо казнет со две години

Парма наредната сезона ќе игра во Серија А, но сезоната ќе ја почне со минус пет бода, објавено е денес.

Повратникот во елитното друштво е под истрага поради наводна вмешаност на играчот Емануеле Калајо во резултатот на натпреварот со Специја минатата сезона.
Пред последниот натпревар во Серија Б, Калајо им испратил пораки на двајца некогашни соиграчи од Специја и им побарал да не се трудат премногу во тој дуел.
Парма споменатиот натпревар го доби со 2-0 и по трет пат успеа да обезбеди промоција во повисокиот ранг.
Поради овие потези, Калајо е суспендиран од фудбалот на две години.

Најнови вести