Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2018

Шкендија против Шериф за поправање на впечатокот од Велс

Шампионот на Македонија вечерва во 20.15 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе го дочека молдавскиот Шериф Тираспол во првиот натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Тетовскиот клуб вечерва против Шериф Тираспол пред своите навивачи ќе се обиде да го поправи впечатокот по гостувањето во Велс, каде што неочекувано беше поразен со 4-0 од ТНС.
„Шкендија е подготвена за утрешниот натпревар против Шериф. Го анализиравме ривалот, ги гледавме последните пет нивни натпревари, се работи за навистина квалитетен тим. На првиот двомеч со ТНС се претставивме во две различни изданија, дома и на гости, сега ќе се обидеме да ја задржиме концентрацијата на високо ниво, тоа може да биде клучно. Сега сакаме со добра игра да покажеме дека она во Велс беше само една лоша епизода“, изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.
Во екипата на Шкендија нема да биде македонскиот репрезентативец Марјан Радевски, кој е повреден, а ќе го замени Ремзифаик Селмани.
Горан Сабљич, тренерот на Шерик Тираспол, изјави дека верува во неговиот тим дека може да ѝ се спротивстави на Шкендија и да си замине непоразен од Скопје.
„Знаеме дека Шкендија е тежок противник, но ние допатувавме во Скопје по добар резултат. Во секој случај, мислам дека патникот за третото коло ќе се решава на реванш-дуелот. Овој натпревар во Скопје нема да го реши тоа“, изјави Сабљиќ.

Најнови вести