Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

Шкендија со минимална предност пред реваншот во Молдавија

Шкендија со голот на Ибраими триумфираше над Шериф со 1-0 во првиот меч од второто квалификациско коло.

Македонскиот шампион со предност од 1-0 ќе патува во Молдавија на реваншот против Шериф.
Јунак на тетовци и овој пат беше најдобриот играч Бесарт Ибраими кој го постигна единствениот гол, а одлична партија имаше и Дино Захов кој спречи гостите да ја затресат мрежата на македонскиот шампион.
Шкендија може и да жали што не обезбеди поголема предност пред реваншот бидејќи имаше неколку убави шанси, но гостите имаа среќа. Сепак, и Шериф имаше можности да постигне гол, но Захов со пет одлични одбрани беше еден од најзаслужните за победата.
Клучниот момент се случи во 24-тата минута кога Бесарт Ибраими постигна гол од слободен удар.
Реваншот се игра за седум дена во Тираспол и доколку Шкендија ги елиминира Молдавците, во следното квалификациско коло ќе игра против Салцбург.

 

Најнови вести