Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2012

Лацио без Цана два месеци

Љорик Цана, играчот за врска на Лацио, ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда на грбот, која ја заработи на дуелот против Сиена минатиот викенд.

Капитенот на репрезентацијата на Албанија го напушти теренот уште на полувремето откако почувствува силна болка во грбот. Дополнителните испитувања покажаа дека Цана заработил фрактура на попречниот штитеник во вториот и третиот лимбален прешлен, а рехабилитациониот процес за таква повреда трае два месеци.
„Тој ќе мора да одмора во наредните четириесет дена, а целиот период на рехабилитација би требало да трае околу два месеци“, стоеше во соопштението од клубот.
Ова е огромен удар за стратегот Едоардо Реја, кој поради повреди ги загуби и играчот од средината на теренот Стефано Маури и Кристијан Броки.
Иако се соочува со огромни проблеми, Лацио овој викенд на својот „Олимпико“ ќе бара победа против Аталанта.

Најнови вести