Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Нов капитен и нов стрелец му донесоа победа на Манчестер јунајтед

Погба првпат ја носеше капитенската лента, Шо го даде првиот гол во кариерата

Манчестер јунајтед славеше со 2:1 против Лестер на отворањето на новата сезона во англиската Премиерлига. 
Французинот Пол Погба кој пред само четири дена заврши со летниот одмор, во 3. минута погоди од белата точка, прославувајќи ја честа која му беше укажана со носење на капитенската лента. Погба пред шутот од 11 метри, се залетуваше многу бавно, можеби десетина секунди, но не подзастана и затоа откако го погоди горниот лев агол од голот на Каспер Шмајхел, погодокот беше признат. Шмајхел летово на Светското првенство покажа дека знае да брани пенали, но вечерва беше немоќен. 
Погба веќе трета сезона во Јунајтед, ја мина и младинската академија на овој клуб, добар пример е за останатите, и затоа Мурињо му ја додели капитенската лента. 
Голема причина за радост имаше и Лук Шо, кој го постигна својот прв гол во кариерата. Левиот бек ја затресе мрежата на Лестер во 83 минута, и го одлучи победникот. При 1-0, голманите на двата тима се истакнаа во неколку ситуации, па драмата траеше до седум минути пред крајот на регуларните 90 минути. Во 92. минута, Џејми Варди намали на 1-2, но „лисиците“ немаа време да се спасат од пораз.  

 

Најнови вести