Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

Ред Бул најде замена за Рикијардо, Гасли е новиот пилот на тимот

Даниел Рикијардо ќе вози за тимот на Рено од следната сезона, а негова замена во Ред Бул ќе биде 22-годишниот Французин Пјер Гасли

Пјер Гасли се договори со тимот на Ред Бул и од следната сезона ќе биде новиот пилот во Формула 1 . Гасли, кој досега беше во вториот тим на Ред Бул и возеше за Торо Росо, ќе го замени Рикијардо.
Австралиецот заминува во Рено, па на Макс Ферстапен сега тимски колега ќе му биде Гасли. Момчето кое дебитираше во Ф1 циркузот лани, на трката во Малезија, а сезонава веќе освои 26 поени, со најдобро постигнување четвртото место во Бахреин.

 

Најнови вести