Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Ману кажа: Чао!

Кошарката дефинитивно останува без една од најголемите легенди во последните две децении

Она што се зборуваше веќе неколку месеци, денеска доби и официјална потврда - Емануел Џинобили на 41-годишна возраст ја завршува играчката кариера. 
Популарниот Ману по 16 години во Сан Антонио спарс (целата НБА-кариера ја мина во редовите на „мамузите“), а пред тоа по две години беше во Виртус Болоња, Виола Реџо Калабрија и Естудијантес де Баја бланка, реши да стави крај на кариерата и со соопштение на „Твитер“ се поздрави со своите фанови. 
„Денеска, со голема разлика во моите измешани чувства, го објавувам моето повлекување од активното играње кошарка. Огромна благодарност до семејството, пријателите, клупските колеги, тренерите, членови и раководства на клубови, навивачите, кои беа со мене во овие 23 години. Имав прекрасно патување. Беше многу поубаво отколку што можев да сонувам во моите најубави соништа“, напиша Џинобили. 
Тој беше обожуван од навивачите поради стилот на игра, борбеноста, атрактивноста, верноста и покажа дека не е сè во статистиката, бидејќи имаше играчи со подобри бројки од него кои беа толку сакани и почитувани. 
Џинобили во НБА освои четири шампионски титули, со Киндер Болоња ја освои Евролигата, а со златната репрезентација на Аргентина беше олимписки првак во 2004 година. 

 

Најнови вести