Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Ѕвезда првпат во ЛШ, благодарение на Бен од Коморите

Салцбург водеше со 2-0, но Бен (играч роден во Коморските Острови во Африка) даде два гола за една минута и за прв пат ја внесе Црвена ѕвезда во групната фаза

Ел Фарду Мохамед Бен Набухан, или скратено само Бен, е фудбалерот кој уште долго ќе го слават навивачите на Црвена ѕвезда, бидејќи тој е човекот кој на некогашниот европски првак му донесе прво учество во групите од Лигата на шампионите по осамостојувањето на Србија. 
Бен, кој е Французин, роден во Коморските Острови во близина на Мозамбик, со два гола за една минута ја извлече Ѕвезда од калта и по водството на Ред Бул Салцбург од 2-0, донесе конечни 2-2, за огромна радост на „делиите“. На стадионот во Салцбург, една третина (10.000) беа навивачи на српскиот тим и имаа голема причина за радост.
Утре Ѕвезда је чека одлуката на Арбитражата на УЕФА дали ќе биде намалена казната од два меча играње без публика. Доколку жалбата биде одбиена, српскиот првак и првиот домашен меч од групите во ЛШ ќе мора да го игра без публика, што би било катастрофа. 
Бенфика и ПСВ Ајндховен на убедлив начин се пласираа во групната фаза откако вечерва славеа со по три гола разлика. Португалците имаа проблем во Солун, им требаше победа, а губеа со 0-1 од ПАОК, но до крајот на првото полувреме постигнаа три гола и на крај го шокираа домашниот тим со 4-1. 
Холандскиот претставник извојува рутинска победа од 3-0 над БАТЕ Борисов и потврди дека местото му е меѓу најдобрите 32 тима во Европа. 

 

Најнови вести