Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Хрват менува Црногорец на клупата на БиХ

Репеша го наследува болниот Вујошевиќ во квалификациите за СП 2019 во кошарка

Хрватот Јасмин Репеша потврди дека е новиот селектор на кошаркарската репрезнетација на Босна и Херцеговина. 

„Не можев да кажам не. Прифатив да ја водам репрезентацијата на двата септемвриски меча. Потоа ќе седнеме со раководството на федерацијата и ќе видиме дали има смисол да се продолжи соработката. Ова е новина за мене, ќе имаме многу работа, но знаеме дека сите мора да дадеме максимум од себе“ – изјави 57-годишниот Репеша. 

Популарниот Јаско, утре во Сараево треба да го има запознавањето со играчите и остатокот од стручниот штаб. На Бих и претстојат два меча од квалификациите за СП, против Финска и Чешка. Новина е враќањето на искусниот плејмејкер Немања Гордиќ, кој не настапи во јуни. 

Репеша нема клупски ангажман, и на 13 и 16 септември ќе ги води босанските „змејови“, како наследник на Душко Вујошевиќ, кој поради здравствени проблеми не е во можност да биде на клупата.