Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2012

Руски милијардер го купи Ридинг

Компанијата „Темс спортс инвестмент“, чиј сопственик е милијардерот Антон Зингаревич, купи педесет и еден отсто од акциите на Ридинг, со што стана сопственик на англискиот второлигаш.

Денеска тоа го објави Џон Мадејски, кој дваесет и две години го предводеше овој клуб. Новиот сопственик најави дека целта му е да ги задржи сите добри играчи и да донесе засилувања, со кои ќе избори пласман во Премиер лигата.

Фамилијата Зингаревич во 2004 година беше блиску до купување на Евертон, но тоа никогаш не се реализира. На крајот, рускиот милијардер среќата ја побара во Ридинг, градот во кој своевремено ги минал своите студентски денови.

Ридинг во овој момент се наоѓа на осмата позиција во Шампионатот и има реални шанси да избори пласман во првите шест кои водат во разигрувањето за влез во елитата.

Најнови вести