Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Испишана историја во Лигата на нациите

Грузија со 2-0 славеше на гости кај Казахстан во првиот меч од новото натпреварување на УЕФА

Новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нациите конечно започна. Во првиот одигран меч, Грузија на гостински терен со 2-0 го победи Казахстан во мечот од Лига Д, односно најслабата лига според рангирањето. Во оваа Лига е и Македонија, што значи дека тоа се потенцијални противници на „црвено-жолтите“ во походот кон Европското првенство 2020 година. 
Во првото полувреме на дуелот во Казахстан немаше погодоци. Историскиот прв погодок во Лигата на нациите е дело на Ѓорѓи Чакветадзе, кој постигна одличен гол. Се играше 70-тата минута кога топката дојде до Чакветадзе, а овој од левата страна со фантастичен шут ја доведе својата репрезентација во водство од 1-0. 
Само неколку минути по постигнувањето на првиот, историски гол во Лигата на нациите, по втор пат се тресеше мрежата на Казахстан. Малиј, дефанзивецот на домаќините, несмасно реагираше и си постигна автогол. Тоа е и првиот автогол во историјата на Лигата на нациите. 
Уште на првиот меч ќе се памтат два битни моменти. Кога е постигнат првиот гол и кога е даден првиот автогол во Лигата на нациите. 

 

Најнови вести