Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2012

Зидан се врати во Мајнц

Мохамед Зидан, репрезентативецот на Египет, се врати во Мајнц до крајот на сезоната, откако не успеа да избори место кај шампионот Дортмунд.

Триесетгодишниот офанзивен играч за врска потпиша договор за оваа полусезона, но со опција да остане уште две сезони.

Претходно кога настапуваше за овој тим, дресот го облече на 41 натпревар и постигна дури дваесет и два гола.

Минатите неколку сезони во дресот на „милионерите“ не успеа да се наметне, и не само тоа, тој не беше дури ни на клупата за резерви.

Кристијан Хајдл, генералниот менаџер на Мајнц, изјави: „Мохамед е токму таков фудбалер каков што ни е потребен. Тој цело време беше во тренинг-процес, што, секако, за нас добро би ни дошло да е подготвен“.

„Се надевам дека ќе успеам да изборам првотимски статус. Тука имав прекрасни две сезони, па се надевам дека ќе ги повторам и ќе ја заслужам довербата од клубот и навивачите“, рече Зидан.

Најнови вести