Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2012

Сесењон неизвесен за Арсенал

Мартин О’Нил, стратегот на Сандерленд, се надева дека повредата на Стефан Сесењон нема да биде сериозна.

Пред да се повреди и да го напушти теренот, репрезентативецот на Бенин во средата беше херојот на „црните мачки“, кога Сандерленд во продолжението со неговиот гол го совлада Мидлсборо. Менаџерот се надева на позитивни вести од страна на медицинскиот тим пред натпреварот со Арсенал, кој на програмата ќе биде утре, а, исто така, и за една седмица подоцна во ФА купот против истиот противник.

„Тој е фантастичен фудбалер и јас сум среќен што го имаме во нашите редови. Сезонава игра на највисоко можно ниво и нема пропуштено натпревар. Од него зависи целата наша игра, па се надевам на позитивни вести“, рече О’Нил.

Тој во Сандерленд дојде во 2011 година од редовите на ПСЖ. Оттогаш настапи на триесет и осум натпревари во сите конкуренции и постигна девет гола.

Најнови вести