Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2012

Мурињо го казни Куентрао

За три дена по вторпат тренерот Жозе Мурињо, помалку неочекувано, го изостави од првиот тим неговиот сонародник и овогодинешното засилување Фабио Куентрао.

Португалецот од трибините го следеше натпреварот со Малага, а нема да биде ни вечерва на „Мадригал“, каде што неговиот Реал Мадрид ќе гостува кај Вилјареал. Причина за тоа е казната, бидејќи новинарите неодамна го фатија поранешниот играч на Бенфика како пуши цигара на прославата на својот роденден. Сликите на Куентрао во неспортско издание дојдоа и до Мурињо, кој без размислување го суспендира фудбалерот.
Ајтор Каранка, помошниот тренер на Реал, ја потврди новонастанатата ситуација.
„Тоа е работа којашто се случуваат внатре во тимот и така ќе ја третираме“, кратко изјави Каранка.
Покрај Куентрао, Мурињо за мечот со Вилјареал нема да може да смета ниту на повредените Анхел ди Марија и Рикардо Карвалјо.

Најнови вести