Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2012

Реал Мадрид без Хедира и Пепе против Осасуна

Германскиот интернационалец Сами Хедира нема да може да настапи во Памплона поради повреда, а Пепе е суспендиран за ова гостување на „кралевите“.

Фудбалерот од средниот ред се пожали на повреда на мускулот на десната нога и не е во плановите на Жозе Мурињо за настап против Осасуна. Хедира се приклучи на повредените фудбалери заедно со Ласана Диара, Рикардо Карвалјо и Калјехон.
Фудбалерот од одбраната, Пепе, е суспендиран за овој меч, што е дополнителна главоболка за португалскиот стручњак. Шпанските медиуми шпекулираат дека местото на Пепе во последниот одбранбен ред со Серхио Рамос ќе го заземе младиот Французин Рафаел Варан.
Да не биде сè така црно се погрижи Анхел ди Марија кој се враќа во составот по неколкунеделната пауза.
„Ди Марија конечно може да настапи. Не е во состојба да одигра цел натпревар, но сигурно ќе добие шанса да заигра’, изјави Мурињо.

Најнови вести